[РЕЦЕПТ] Фокача со сушени домати и зелени маслинки

од Vladimir Zorba

Состојки:
1 и ½ чаши брашно
½ коцка квасец
150 г сушени домати
сол
шеќер
4-5 лажици маслиново масло
1 грст зелени маслинки
3effeb8fb2110b3a60d26c70749016ecПодготовка:
Растворете го квасецот во малку топла вода заедно со шеќерот. Додадете и 1 лажица од брашното. Измешајте ја смесата и оставете да нарасне. Откако тоа се случи додадете го останатото брашно, солта и маслото. Размесете меко тесто. Оставете го да нарасне и потоа повторно премесете.
Намачкајте тави за печење во правоаголна форма. Се шири тестото со раце во садот. Врз него подредете ги сушените домати и исечени зелени маслинки со малку втиснување внатре во тестото со прст.
Печете во загреана на 200 степени печка.

Слични содржини