Рецепт: Кремаста чоколадна торта

од Vladimir Zorba

Чоколаден колач од само 3 состојки.

Состојки:

Колач:

– 310 гр темно чоколадо (70 проценти какао)

– 10 јајца

– Сол

Глазура:

– 185 гр темно чоколадо

Подготовка:

Вклучете ја рерната да се загрее на 250 степени.

Калапот за торта обложете го со хартија за печење.

Тајната на подготовката на оваа торта е да се делува брзо кога ќе се стопи чоколадото и да се испече колачот на висока температура.

На пареа растопете 310 гр чоколада.

Изматете 10 белки и прстофат сол.

Изматете ги жолчките во пенестата смеса, па внимателно додајте ги во растопената чоколада.

Додадете неколку лажици белки, малку промешајте, па брзо и внимателно додадете го остатокот од белките. Не мешајте премногу.

Печете осум минути и не повеќе.

Печениот колач изладете го прво во калап на собна температура 30 минути, а потоа ставете го во фрижидер преку ноќ или најмалку 12 часа.

Свртете го колачот на чинија за сервирање и прелијте со тенок слој чоколаден прелив, кој го добивте од 185 гр темно чоколадо.

Оставете го колачот во фрижидер пет минути, а потоа исечете го и послужете.

Добар апетит!

Слични содржини