[РЕЦЕПТ] Мафини со чоколадо и тиква

од Vladimir Zorba

Состојки:
200 г тиква
50 г мед
100 г брашно
100 г овесен јогурт
10 г прашок за пециво
30 г парчиња чоколадо

Подготовка:
Измијте ја и сварете тиквата додека не омекне (ѝ требаат  околу 30 минути). Тргнете ја од огнот, ставете ја во сад и оставете ја да се излади, а потоа може да ја испасирате. Поделете ја тиквата на две, ставете секоја од половините во посебен сад. Во секој сад додадете мед, брашно, овесен јогурт, прашок за пециво и чоколадо на парчиња. Само во едниот сад додадете какао во прав.
Промешајте ги добро состојките во двата сада. Ставете хартија садот за мафини во гнездата со метална форма. Потоа пополнете до 3/4 од висината. Печете во загреана рерна на 160 степени околу 20 минути. По печење оставете ги да се изладат.

Слични содржини