242
Едноставен и здрав појадок.
Состојки:
(за 2 лица)
– 4 јајца
– 4 лажици овесна каша
– 1 мала тиквичка
– сол
Подготовка:
Тиквичките изрендајте ги, посолете ги и оставете ги околу 10 минути за да се исцеди водата.
Јајцата се матат убаво, се посолуваат и се мешаат снегулките, се додаваат исцедените тиквички и се остава смесата да отстои околу пет минути.
Во загреана тава пропржете го омлетот од двете страни, додека не добие убава боја.
Послужете со салата по ваш избор.