[РЕЦЕПТ] Посна торта со мармалад и ореви

од Vladimir Zorba

Состојки:
250 г шеќер
250 мл вода
околу 700 г брашно
250 г мед
1 кафена чаша со растворено инстант кафе
1 лажичка цимет
250 г мелени ореви
1 лажичка сода бикарбона
1 тегла слатко по ваш избор
262de726b33fa591e4d485c551f28e2cПодготовка:
Ставете ги во тенџере водата, шеќерот и медот. Промешајте на тивок оган додека шеќерот се стопи и сите состојки се поврзат. Потоа тргнете од топлина и оставете да се излади. Додадете ги оревите, брашното, циметот, кафето и сода бикарбона. Добро промешајте.
Добиеното тесто се става на намачкана и набрашнета тава. Печете во загреана рерна на 180 степени. Пред да сервирате тортата намачкајте ја со мармалад по ваш избор.

Слични содржини