[РЕЦЕПТ] Штрудлата со мармалад од кајсии

од Vladimir Zorba

Состојки:
1 пакетче лиснато тесто
1 тегла слатко од кајсии
½ чаша шеќер во прав
1 ванила, течна
1 лажичка водаe126e7856eee93ca0da2e423ef9381e1

Подготовка:
Лиснатото тесто се сече на правоаголници. Потоа се мачка со слаткото од кајсии и се намотува на ролна, за да се добие форма на штрудла. Печете ја штрудлата врз кујнска хартија на загреана рерна – не повеќе од 200 степени.
Откако се подготвени извадете ги и прелијте ги со глазура. Таа се подготвува како  шеќер во прав со ванилата и водата. Измешајте додека не се добие леплива смеса. Намачкајте ги со неа лиснатите додека се топли.

Слични содржини