Ревакцинирани се 714.135 граѓани

од Vladimir Zorba

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, соопшти Министерството за здравство.

Вкупно се аплицирани 1.495.762 дози вакцини, а ревакцинирани се 714.135 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 6.897 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.717 граѓани.

55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина, додека 31% од населението над 18-39 години имаат примено барем една доза вакцина, додаваат од МЗ.

Слични содржини