Ревизија на Државна лотарија: Се доведува во прашање можноста за исплата на идните добивки

ДЗР утврди значителни неправилности во финансиското работење на АД Државна лотарија и можни злоупотреби со паричните средства во готово

од Nikola Popovski
25 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Телма

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, за 2024 година.

Со извршената ревизија, се воздржуваме од изразување на мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и изразивме неповолно мислење за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики, се вели во ревизорскиот извештај.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи за 2024 година утврдено е дека вкупно остварениот дневен промет, по основ на продажба на лотариски и електронски игри на среќа кај 10 сопствени продажни места на друшртвото, изнесува близу 750.000 евра, но истиот не бил редовно уплатуван на платежни сметки во деловните банки на друштвото, а законски треба тоа да се направи до следниот ден. Всушност, ДЗР констатира дека во текот на 2024 година само два пати бил уплаќан дневен промет и тоа во април и на крајот на годината, а парите не потекнувале од дневниот промет, туку подигнати пари од една сметка и уплатени на друга. Друштвото, велат ревизорите нема пополнето работни места благајник и шеф на сметководство, а овие трансакции ги врши директорот на Секторот за финансии и сметководство.

ДЗР утврдило и дека овој директор директно исплаќал аванси за мали добивки на дел од деловните соработници околу 320 лица на договор за соработка во изност од 13.971 илјади денари, без пропишан начин на исплата.

При увид во трговски книги, за централниот on-line систем за извршени уплати и исплати од продажба на лотариски игри на среќа, утврдени се нереални и нелогични трансакции во износ од 2.000.000 евра, па постои сомнеж за злоупотреба.

Во 2024 година, инстант лотаријата застапена со 12 различни вида инстант лозови со добивки од пари и предмети, ревизорите констатирале дека неисплатениот фонд на добивки е во висина од 63.294 илјади денари, па се доведува во прашање можноста за исплата на идните добивки.

За 3 инстанти со добивки во предмети како станови, автомобили и електрични скутери, ревизорите утврдиле дека нема вопспоставена сметководствена евиденција за набавените добивки, со моќност за неосновано присвојување, набавките се вршеле 2-15 мсеци пред време, пред да одобри Министерството за финансии, а не се евидентирани трошоци за набавка на предмети во висина од по околу 600.000 евра за 2023 и 2024 година поединечно.

За реклама, Државната лотарија во 2020 година давала околу 380.000 евра, за во 2024 година да достигне десетпати поголема вредност односно 3.582.811 евра. Државна лотарија давала пари на медиуми од околу 1.200.000 евра без поткрепувачка документација за потврдена услуга.

Државна лотарија дала високи суми пари и за преодукција на забавни емисии, кои требало да се емитуваат и на државната телевизија, но ревизорите не можеле да утрвдат дали се продуцирани или пак прикажани.

При набавка на компјутери, телевизори, агрегати, клими, системи за надзор, ДРЗ констатира дека тие се набавувани со несоодвентна документација за квалитет и квантитативен прием, некои фалат, а некои не ги исполнуваат критериумите за тоа за што се набавени.