Ревизорите излегле од СЈО без документи бидејќи обвинителството нема потписник

од Aleksandar Todeski

Ревизори влегле во просториите на Специјалното јавно обвинителство, но наместо со документи, од институцијата излегле со празни раце, дознава Локално од вработени во СЈО.

Според нив, отуството на официјален претставник откако Специјалната обвинителка Катица Јанева, обвинета за „Рекет“ беше разрешена на еден ден пред завршување на мандатот, по што прекина мандатот на сите обвинители од СЈО и беа вратени во ОЈО, вклучувајќи ги и заменичките на Јанева, било клучно ревизорите да испијат кафе и да си заминат од просториите на обвинителството.

Во меѓувреме, без шеф остануваат и ревизорите кои влегоа во СЈО, поради немањето консензус во Собранието за избор на Државен ревизор.

Власта и опозицијата излегуваат со преписки за тоа кој е виновен за кочењето на овој процес, исто како што се обвинуваат и за кочењето за Законот за јавно обвинитлество, со што би се решиле проблемите со платите на вработените во СЈО и другите трошоци на обвинителството сместено на Рузвелтова, но и за тоа кој ќе биде овластен да потписник со цел да нема вакви слични кочења.

Главен државен ревизор последен пат имало во декември 2017 година, кога по престаноток на функцијата на Тања Таневска, било известено Собранието, но од тогаш до сега нејзин налседник не е избран. На 4 октомври годинава истече мандатот и на заменикот главен државен ревизор, Насер Адеми, со што оваа институција и официјално е без шеф, исто како и вработените во Специјалното јавно обвинителство.

Дејствувањето на ревизорите во СЈО кое се кочи поради немањето шеф на обвинителството дојде откако во јавноста излегоа информациите за високите додатоци на плати на обвинителите во СЈО.

И ревизорите, сега ќе се соочат со истиот проблем како и вработените во СЈО, односно нема да бидат во можност да ги подмират режиските и другите основни трошоци за работењето на институцијата како и други обврски кои произлегуваат од договорите по основ на јавни набавки, а нема да бидеат ниту во можност да ги остварат основите права од работен однос плата и пензионирање, што ќе предизвика вработените да бидат надвор од системот на социјалното и здравствено осигурување и кредитните обврски.

Александар Тодески

Слични содржини