Почетна / Македонија / Режисерот Мајкл Мур ја промовира С. Македонија како туристичка дестинација: Не заборавајте да го посетите Скопје

Режисерот Мајкл Мур ја промовира С. Македонија како туристичка дестинација: Не заборавајте да го посетите Скопје

Американскиот режисер Мајкл Мур со објава на Фејсбук ја промовира С. Македонија како една од осумте земји во светот каде Американците може да патуваат без никакви ограничувања.

„Планирате патување за време на празниците? Сфаќате ли дека остатокот од светот нè смести во сопствен приватен затвор, нели? Сега ни е забрането да патуваме без ограничување скоро во секаде во светот. Само осум земји дозволуваат влез со американски пасош без никакви ограничувања (без карантин, без претходно тестирање, без виза, без ништо). Еве ги единствените нации во кои можете слободно да патувате како Американец: Северна Македонија, Косово, Тунис, Турција, Доминиканска Република, Мексико, Малдиви, Србија (има 23 други земји што ќе дозволат влез – но со ограничувања и карантини)“, стои во објавата на режисерот.

На крајот од објавата го промовира Скопје и хотелот Стар Конак.

Planning a trip over the holidays? You do realize the rest of the world has placed us in our own private prison, right?…

Публикувахте от Michael Moore в Вторник, 11 август 2020 г.

loading...