Режисерот на “Месечева светлина“ ќе снима нова драма за ропство

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Режисерот Бари Џенкис чиј филм оваа година беше еден од големите победници на “Оскари”-те, издаде дека во моментов работи на екранизацијата на бестселер за бегството од ропството. Таа ќе биде претставена на публиката во форма на серија. Драмата “Подземна железница” ќе биде базирана на истоимениот роман напишан од американскиот новелист Колсон Вајтхед. Приказната во него е инспирирана од мрежата на тајни правци и безбедни засолништа, користена во 18 век од афроамериканските робови во нивната потрага по слобода од САД.

“Пишувањето на Колсон секогаш покажувало презир кон конвенционалното и “Подземни железници “не е исклучок”, изјави Џенкинс во официјално соопштение во понеделникот.

Според неговите зборови романот е прва од ваков вид литературна творба, која покажува на таков оригинален и длабински начин почит кон американската историја.

“Амазон”, под чија капа ќе се реализира серијата, во моментов не посочил датум на излегување. Во моментов не е јасен и актерскиот состав.