Резников: Русија спроведува државен тероризам и ќе нападне и други земји

од Nikola Popovski

Русија спроведува државен тероризам во Украина и ќе изврши напади врз други држави, изјави украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников за време на посетата на Лондон.

Говорејќи на прес-конференција со британскиот колега Бен Валас, Резников истакна дека 150 украински деца загинале од почетокот на руската инвазија.

– Уништени се повеќе од 400 училишта и градинки и повеќе од 110 болници, рече Резников.

-Илјадници и илјадници цивили се убиени, а не може точно да се каже колку луѓе се заробени под урнатините на уништените згради, појасни Резников.

– Ова е државен тероризам. И тоа ќе продолжи. И затоа Кремљ мора да се запре. Ќе бидат нападнати и други земји, смета украинскиот министер за одбрана.

Слични содржини