Реџепи Зејд тврди Гаши заминал кај Заев во Струмица, постави прашање од милион евра (ФОТО)

од Nikola Popovski
204 прегледи

Што побара Африм Гаши од Зоран Заев во Струмица?, вакво прашање постави независниот пратеник Скендер Реџепи Зејд, објавувајќи фотографија од лидерот на Алтернатива и поранешниот премиер и претседател на СДСМ сликани во еден угостителски објект.

Според него, „тоа е прашање од милион евра“.

-Зошто требаше да оди дури до Струмица? Активистите на Алтернатива, како и пошироката јавност, заслужуваат да ја знаат вистината за оваа средба, напиша Реџепи Зејд на социјалните мрежи.

Зејд во јуни минатата година ја напушти матичната партија Алтернатива и стана независен пратеник.

Алтернатива пред еден месец излезе од владината коалиција и веќе делува како опозиција на политичката сцена.

Слични содржини