„Рибари“ дивееле во Струга, повредени повеќе полицајци

од Nikola Popovski
169 прегледи

Навивачите на ФК Охрид, популарните „Рибари“ дивееле после вчерашното дерби меѓу истоимениот тим и екипата на Караорман, по што неколку полицајци биле повредени, информираат од струшката полиција. Според МВР, навивачите оштетиле и дел од инвентарот на стадионот во Струга.

-На 08.04.2023 околу 17:00 часот во Струга, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Караорман од Струга и Охрид во рамки на Втората фудбалска лига бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица од навивачка група од Охрид, при што бил оштетен дел од инвентарот на стадионот.

Притоа, при преземање мерки со повреди се здобиле пет полициски службеници од Полициската станица Струга, велат од МВР и појаснуваат дека по целосно документирање и расчистување на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Слични содржини