Ричард Гир порачува како да бидете среќни

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Тој е еден од најпознатите холивудски актери, кој пред повеќе години се откри себе преку источната филозофија.001151c605dea65672a04aa9462c6b99 Ричард Гир неспорно е личност која инспирира не само како актер во многуте актерски ликови, но и како човек кој зборува со неверојатна страст и истовремено со измирување за Истокот.

Во следните редови споделуваме една формула за среќа, која е вежба за нас самите. Ова се неколку зборови на Ричард Гир, што ќе ве натераат да размислите за доброто и злото и за сопствената среќа.

“Постои една силно вежба, но сосема едноставна, што почнав да ја правам пред многу, многу години. Кого и да сретнев на патот, било да е тоа човек или инсект, првата мисла што ме исполнуваше во однос на ова суштество беше “Ви посакувам среќа !” .afcdb10c868710f14bb541b959c7b39e

Оваа целосно го менува она што се случува меѓу вас и тоа суштество. Ви го кажувам од лично искуство. Понекогаш е многу тешко кога ќе се судрите непријател, кога ќе се сретнете лице во лице со неочекувано тешка ситуација. И во овој момент добивате можност да создадете повеќе простор околу себе.

Гледате како негативната емоција се појавува и се обидува да ве превземе. И пред тоа да се случи, имате време да ја претворите. Гледате дека гневот е незнаење од ваша страна, од нивна страна . Претворете го овој гнев во љубов. “Ви посакувам среќа!” Пробајте и видете, сè во животот ќе се промени. “- Ричард Гир