Ричард Маден, кој ја играше улогата на Роб Старк во ултрапопуларната ТВ-серија „Game of Thrones“, мисли дека ниту еден од главните ликови нема да преживее до последната епизода од серијата.

„Мислам дека во последната епизода ќе гледаме неколку змејови како летаат наоколу, а сите други ќе бидат мртви. Можно е“, рече тој.
Маден додава дека ужива во фактот што ликот на Роб Старк беше убиен во почетоците на серијата и сега може да ужива во новите епизоди без да знае што точно ќе се случи.
„Претходно се случуваше да добијам сценарио и да знам што ќе се случи во наредните епизоди, но откако мојот лик беше убиен во серијата, веќе не глумам и имам прилика да ја гледам како обичен обожавател. Мислам дека тоа е супер, бидејќи вака повеќе уживам“, рече незаборавниот Старк.
Обожавателите веќе некое време шпекулираат за тоа кој од ликовите ќе преживее до крај и дали воопшто ќе има „среќен крај“ на серијата во продукција на HBO.
Се најавува дека осмата и последна сезона на серијата ќе почне да се емитува напролет во 2019 година.