Ридли Скот во својата кариера има работено со бројни ѕвезди, а една од нив ја смета за веројатно најдобрата со која соработувал досега. Режисерот го издвои ирскиот актер Мајкл Фасбендер со кој соработуваше на филмот „Осмиот патник“.
Како што пренесува „Far Out Magazine“, Скот и Фасбендер соработувале неколку пати на познатата научно-фантастична франшиза, што го навело наградуваниот режисер до заклучок дека славниот актер е веројатно најдобриот со кој работел.
-Мајкл може да направи сè. Тој сè уште може да проба многу работи и да истражува многу насоки, иако веќе е многу добар продуцент. Фактот што тој е продуцент ми помага како режисер и продуцент бидејќи има практична страна Значи, можете да очекувате одредени работи и поставувате барања кои не се практични, сепак, Мајкл е сеопфатен уметник и професионалец. Тој е веројатно најдобриот со кој сум работел“, прокоментирал Скот.
Режисерот и актерот последен пат соработуваа на „Осмиот патник: Завет“ од 2017 година. Во овој филм, членовите на колонијалниот брод „Covenant“ патуваат на далечна планета од другата страна на галаксијата и откриваат за што веруваат дека е неистражен рај. Таму го запознаваат Дејвид, преживеан од несреќната експедиција Промеус. Мистериозниот свет наскоро станува мрачен и опасен кога непријателски вонземски животен облик ги принудува во смртоносна борба за опстанок.