Ријана е спремна за “свадба и бебе“ со нејзиниот дечко

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Неодамна Ријана лајкнала пост на социјална мрежа, во кој познат ѕвезден новинар предвидува дека во најскоро време ја гледа мажена за дечко ѝ – милијардерот Хасан Џамал. Поп-ѕвездата од Барбадос излегува со Џамал ​​од средината на 2017 година.

Така, 31-годишната Ријана ги потхрани гласините дека идејата за брак и наследници повеќе не е непозната за неа.

Според неа, таа е подготвена за свршувачка, бидејќи е убедена дека саудискиот бизнисмен е вистинскиот човек за неа.

Едно време минатата година се појави шпекулација дека пејачката се разделила со Хасан по загреаниот скандал во мексиканското одморалиште Пуерто Валарта, што се покажало како неточно.

Минатиот месец љубовниците беа фатени од страна на папараците кои се забавуваа на натпреварот на Лејкерс.