Рикер: Билатералните несогласувања не треба да го запрат процесот за напредок на С.Македонија

од Берта Китинска
479 прегледи

Европската Унија не треба да дозволи билатералните несогласувања да го запрат заслужениот напредок на Северна Македонија во интеграциите, смета поранешниот амбасадор на САД во Македонија, Филип Рикер.

„Сметаме дека ЕУ не треба да дозволи билатералните несогласувања да го запрат заслужениот напредок во интеграциите. Сметаме дека тие прашања треба да се решаваат надвор од процесот на пристапување, затоа што Скопје повеќе од што треба ја заслужи таа шанса“, вели помошникот-државен секретар на САД за Европа и Евроазија.

Рикер, на 2БС форумот во организација на Атлантскиот сојуз на Црна Гора, кажа дека Северна Македонија и Албанија презеле важни и тешки чекори на нивниот пат кон европските интеграции.

Кога станува збор за Србија и Косово, статус-квото е неодржливо, рече Рикер на интернет-форумот „Да се биде безбеден“ (2БС), додавајќи дека договорот потпишан од Белград и Приштина во Белата куќа на 4 септември е пример за лидерство какво што му треба на регионот.

На прашањето како САД ќе ја вратат довербата во регионот, која според некои процени е намалена за време на мандатот на администрацијата на Доналд Трамп, Рикер одговори дека Соединетите Држави и ЕУ имаат заедничка визија за Западен Балкан.

Слични содржини