Рикер нема да се занимава со западен Балкан

од desk2
162 прегледи

Филип Рикер од 18 март ќе биде на позиција помошник на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија.

Тој на тоа место ќе го наследи Вес Мичел, кој неодамна поднесе оставка поради приватни причини. Рикер некое време ќе биде вршител на должност на оваа функција.

Цела Европа

„Неговото портфолио ќе биде цела Европа, па со тои и Балканот. Тој добро го познава вашиот регион. Метју Палмер е човек на Рикер, кој веќе се занимава со балканскиот регион, и така ќе остане“, велат извори од Вашингтон за Аваз.

Интересно е што токму Рикер му предложил на Мичел, но и на државниот секретар Мајк Помпео и на претседателот на САД ДОналд Трамп, токму Палмер во Стејт департментот да биде задолжен за западен Балкан и регионот на Егејот.

Рикер веќе беше заменик помошник на државниот секретар на САД. Именуван е на тоа место во 2011 година и остана до крајот на 2013 година.

Богата кариера

Рикер во моментот е во дипломатска мисија во Штудгарт, во Германија. Таму е ангажиран во рамки на командата на американските трупи во Европа. На тоа место дојде кон крајот на 2017 година од позиција генерален конзул во Милано. Во кариерата имаше низа функции во Стејт департментот. Покрај другото, беше и амбасадор на САД во Македонија од 2008 до 2011 година.