Улогата на опозицијата е клучна ама таа треба да биде конструктивна. Времето на игри заврши, треба да се исполнат целите на државата , евроинтегративните процеси. Тоа е клучно порача на прес конференцијата помошникот државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер.

Слушам за театри во Северна МАкедонија, рече Рикер, она нешто што граѓаните го саакаат е напредок и тоа прашање треба да биде решено ,а не да биде задржувано од опозицијата. Сад стојат за Северна Македонија, сакаат да соработува со сите партии , но за да го направиме тоа како што вели претсдателот Трамп, треба да бидеме разумни и законот за СЈО мора да се придвижи и треба да се усвои и да ги отвори пристапните преговори, така велат нашите сокузници во ЕУ.
Сето тоа треба да ја придвижи перрспетктивата за да се има поблескава иднина за Северна Македонија, изјави Рикер на прес конференцијата во македоднската влада.

Американскиот гостин престојува во дводневна посета на земјава, серијата разговори со претставници на власта и на опозицијата, ја почна изутрината со средба со шефот на дипломатијата Никола Димитров во МНР.
Согласно агендата, високиот американски дипломат по средбата со средбата со премиерот Заев заминува за Тетово, каде во седиштето на ДУИ ќе има средба со лидерот на партијата Али Ахмети.
Предвидено е во текот на денов Рикер да има средби и со претседателот на државата Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието Талат Џафери и со други владини претставници. Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, за време на посетата на Собранието, покарј со Џафери, ќе има средби и со пратениците од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.
Според најавата од Стејт департментот и соопштението од нашето МНР, централни теми ќе бидат билатералните односи и патот на Северна Македонија кон членство во НАТО и ЕУ, а ќе бидат разменети и мислења за состојбите во регионот. Се очекува да стане збор и за новиот закон за јавното обвинителство со кој треба да се регулира идниот статус на СЈО