Ринго Стар втор пат во две недели позитивен на корона

од Stefanija Kuzmanovska
243 прегледи

Поранешниот тапанар на Битлси, Ринго Стар (82), ја откажа преостанатата турнеја во Северна Америка откако по втор пат во две недели беше позитивен на тестот за ковид-19.

Веста за откажувањето на турнејата доаѓа само три дена откако Стар рече дека „повторно е на пат“ откако се опоравил од претходниот контакт со коронавирусот.

„Сигурен сум дека ќе бидете изненадени како и јас што повторно сум позитивен на ковид“, напиша тој, споделувајќи своја слика на Твитер.

„Остатокот од турнејата е откажан. Ви испраќам мир и љубов, Ринго“.

Претходниот позитивен тест на Стар беше потврден од неговиот претставник, кој рече дека ќе се опоравува дома.

Тој и неговиот бенд All Starr беа принудени да ги откажат концертите во Винипег, Саскатун, Летбриџ, Аботсфорд, Пентиктон, Канада, како и во Мистик Лејк, Минесота, САД.

Слични содржини