Рио 2016: Формирани четвртфиналните парови на кошаркарскиот турнир

од Vladimir Zorba
102 прегледи

 

На Олимписките игри во Рио ноќеска заврши групната фаза на турнирот во кошарка по што познати се двојките за четвртфиналето.110125francija-kosarka-615x400

Најтешка задача ќе има Аргентина која за противник ги доби САД, Хрватска со победата во последното коло над Литванија (90:81) го освои првото место во Б-групата и за противник ја доби Србија, неизвесно се очекува да биде и на дуелот Шпанија – Франција.

Двојки за 1/4финалето во кошарка на Игрите во Рио:

Австралија- Литванија,
Франција – Шпанија,
САД – Аргентина и
Хрватска – Србија.

Четвртфиналната фаза почнува утре (17 август)./МИА