195
Рис Витерспун доби нов член на семејството. Околу два месеци откако актерката се раздели со миленикот Неш, добитничката на “Оскар” се пофали дека посвоила синоок булдог, пренесе People.
43-годишната русокоса сподели фотографија од своето куче на социјалните мрежи и раскажа дека го крстила Луј.
“Добредојде во семејството, Луј”, пишува таа на една од фотографиите на нејзиниот профил на Инстаграм.
Некои од нејзините најблиски пријатели не пропуштија да ја поздрават. Меѓу нив беа Џенифер Гарнер и Шајлин Вули кои веднаш го прокоментираа новото нејзино “бебе”.
“Боже, прекрасен е”, пиша и Ева Лонгорија.