Рис Витерспун со огромна торба со сопствените иницијали

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Персонализираната услуга кај модните додатоци стана вистински хит и ова не е изненадување за нас.

Кој не би сакал да носи торба или чевли со свои иницијали, дизајнирани да одговараат точно на вашиот стил.

Очигледно, хистеријата на персонализација не ги одминува ѕвездите, како на пример и Рис Витерспун.

Актерката јасно ја обожава својата торба Гојард, дизајнирана со задебелен принт од сина боја и со главен акцент на розевите нејзини букви – RW.

Иницијалите на актерката се поставени во розова и циклама боја, а таа е очигледно една од омилените додатоци на русокосата.

Огромната големина и долгите рачки овозможуваат да одговара за носење на најнеопходните работи и излегува дека е одлична опција за прошетка со кафе во топли денови.