Ристов од Левица избран за претседател на Советот во Општина Карпош

од Nikola Popovski

Советникот од партијата Левица, Бранко Ристов денеска беше изран за претседател на Советот во Општина Карпош. Советниците избраа претседатели и членови на 11 комисии, објави МИА.

Овие работни тела на Советот, ќе одлучуваат за прашања од областа на екологијата и енергетската ефикасност, локалниот економски развој, урбанистичкото планирање и комунални работи, за јавни дејности, култура, спорт и прописи, како и за заштита на историските споменици, спомен обележјата и за еднаквите можности на жените и мажите.

Градоначалникот Стевче Јакимовски ги повика советниците да присуствуваат на јавната презентација на планерските куќи, што во моментов изработуваат урбанистички планови за општина Карпош.

Советот на Карпош брои 23 члена, од кои двајца се од ГРОМ, седум од ВМРО-ДПМНЕ, осум од СДСМ, четворица од Левица и двајца независни.

Слични содржини