Ристовска: Барањата за легализација на објекти изградени во заштитниот појас се водат како нерешени предмети

од Берта Китинска

„Согласно Законот постапката за легализација на бесправно изградени објекти овозможува да отпочне со поднесување на барање без истото барање да биде комплетирано со сите потребни прилог документи. Ова беше еден од основните проблеми со кои се соочија и општина Охрид и општина Струга при утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти“, изјави во Утрински брифинг Цвета Ристовска, помошник на главниот државен ревизор.

Таа вели дека голем дел од предметите не се комплетни и дел од постапките се во тек.

„Иако објектите се изградени на земјиште кое не е опфатено со планска документација, на земјиште за кое се водат постапки за денационализација, во тек се постапки за легализација на објекти кои се изградени во заштитниот крајбрежен појас на Охридскот езеро или во рамки на Националниот парк – Галичица“, вели Ристовска и додава дека доколку ваквите барања за легализација кои се изградени на земјиште за кои општините де факто немаат никакви законски предуслови да ја одобрат легализацијата, за истите не се носи решени за одбивање на барањето, туку истите се водат како една бројка во низата нерешени предмети.

Слични содржини