Ристовски: Ако Мицкоски не ни се извини, ќе покренеме тужба за отштета од 100 илјади евра

од Берта Китинска

Љупчо Ристовски, лидерот на Интегра најави тужба против Христијан Мицкоски за обвинувањата дека тој бил финансиски мотивиран со цел предизборно да се поделат опозициските гласови.

„Бараме од Мицкоски веднаш да го достави доказот во јавност и на тој начин да ги прекине сите шпекулации на социјалните мрежи. Одговорно тврдиме пред Бога дека таков доказ не постои, ниту пак, тој го има. Ако за нашево барање не се огласи и да го стави на увид на јавноста наводниот доказ, бараме во рок од 24 часа, во ист формат, на прес-конференција, јавно да ми се извинни.Доколку не добиеме такво извинување од Мицкоски, ние ќе покренеме тужба за оштетно побарување од 100.000 евра за нарушување на угледот и честа и интегритетот на претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски. Доколку ги добиеме овие пари во судскиот процес, ќе бидат донирани во здружение за дечиња со посебнипотреби“, рече Ристовски.

Тој и смета дека соединувањето на поранешни членови со најголемата опозициска партија е специјална војна против нив и е уверен дека Воислав Зафировски кој вчера си подаде рака со Мицкоски нема да повлече гласови од Интегра бидејќи немал поддршка од членови на партијата.

Слични содржини