Ристовски: Македонија не смее да се откаже од своите историски корени, по ниту една цена

од Vladimir Zorba

Историјата е идентитетска одредница. Колку подлабок е коренот на нацијата, толку стеблото, крошната и плодовите за македонскиот народ се поизобилни. Мудрите велат, раскажи ми ја твојата историја и јас ќе ти ја пророкувам твојата иднина. Македонија не смее да се откаже од своите историски корени, по ниту една цена. Гоце Делчев е апостолот на македонското револуционерно движење и е синоним на вековната борба на македонскиот народ за национална слобода и за своја татковина – татковина на македонскиот народ. Со самото тоа е нераскинлив дел од македонската национална историја, вели д-р Љупчо Ристовски претседател на ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија во интервјуто за „Стандард“.

Тој вели дека владините политики на понижување, постојано коленичење и виткање на кичма, не даваат резултати какви што би требало да добиеме.

За обвинувањата на поранешните членови кои се интегрираа во опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, дека Интегра е „трговско друштво“, а тој се претставува како пророк и месија пратен од Бога за да ја спаси Македонија, Ристовски вели дека тој чин е беден и мизерен и тоа повеќе говори за нив, отколку за него лично или за Интегра.

-Сите членови на лидерскиот тим се добро запознаени со идеолошкиот концепт на ИНТЕГРА. Притоа носителите на листа и првенците во партијата положија Заклетва со рака на Библијата, но и снимија видео обраќања во спот со Библија во рака и склучија Завет со Бога пред народот, дека со ништо свое нема да ја загрозат визијата и каузата на ИНТЕГРА, ниту пак партијата, ниту пак лидерските тимови. Тие постапија спротивно и со тоа ја прекршија Заклетвата и си нанесоа проклетство на себе. Заклетвата не ја положија пред Љупчо Ристовски, туку со рака на Библијата и пред Бога. Оттука не ме излажаа мене, ниту македонската јавност, туку го излажаа Бога, објаснува лидерот на Интегра.

Воедно Ристовски  напоменува дека доколку го добие спорот со партијата на Мицкоски за средствата од 100.000 евра, ќе ги донира за поддршка на активностите на здруженија за дечиња со посебни потреби.

Целото интервју прочитајте го на следниот линк!

Слични содржини