Ристовски: Можеме до позитивни резултати

од desk4
81 прегледи

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денес заминува за Подгорица, Црна Гора каде што ќе одигра два контролни натпревари, против Србија на 16 ноември и против домашната селекција на 19 ноември.

За Милан Ристовски овие средби се шанса за докажување, а секој позитивен резултат е важен и претставува мотив плус.

– Противниците имаат во своите редови добри фудбалери и сигурно заслужуваат максимален респект, но постои одлична мотивираност и квалитет и во нашиот состав и имаме амбиција тоа да го потврдиме. Ако одиграме според договореното, мислам дека можеме до позитивни резултати. Ни треба еден континуитет пред новите квалификации и мораме да бидеме максимално сериозни, изјави Милан Ристовски за веб-страницата на ФФМ.