Стефан Ристовски одигра многу добар натпревар против Милан, но на крајот Македонецот во редовите на загрепски Динамо, како и неговите соиграчи, мораше да признаат дека противниците се подобри.
Секако дека не е задоволен од резултатот, но затоа е задоволен од она што го покажаа, особено како залог за во иднина.
Задоволен од пристапот, незадоволен од резултатот
„Гледате дека можевме да излеземе со кренати глави. Игравме против клуб со голема традиција, клуб во топ 10 во светот. Ова натпреварување не простува, секоја полугрешка од наша страна се казнува. Покажавме гард, треба да продолжиме по патот и да веруваме во она што го започнавме“, рече Ристовски.
По неговата страна напорно работеше и најдобриот играч на натпреварот, Португалецот Рафаел Леао. Еден од најдобрите дриблери во Европа е играч против кого никогаш не е лесно.
„Го познавам од кога играв во Спортинг, голем талент и немам што повеќе да кажам, теренот е тој што зборува“, додаде тој.
Најважното допрва доаѓа
Трите бода по два натпревари се сепак голем залог пред најважното што следи, двете средби против Ред Бул Салцбург, кои доаѓаат по репрезентативната пауза.
„Го добивме Челзи, сега загубивме на Сан Сиро. Распоредот е таков што не ни дава одмор, но ако сакаш да бидеш професионалец мора да се носиш со тоа“, кратко прокоментирал Ристовски.
Динамо викендов гостува во Локомотива, а потоа следи споменатата пауза.