„Сигурно ова е најважниот натпревар во историјата на нашиот фудбал, можеби светот не веруваше дека ќе бидеме тука, оваа соблекувална има нешто што другите немаат, спремни сме за ова големо финале. Не ни сонував дека ќе играме со Португалија за пласман на СП, но затоа фудбалот е убав, првата пречка ја поминавме, тука сме да играме против 50.000 Португалци на трибините, ќе играме да победиме“, рече капитенот Стефан Ристовски на официјалната прес-конференција пред утрешниот дуел со Португалија.
Тој вели дека се чувствува убаво во Португалија.
„Синот ми е роден тука, во одличен однос со многу играчи оттука, со Бруно поготово. Тоа што го знам од менталитетот на Португалија, го пренесов на селекторот, но тука се заборава пријателство и се, не очекува натпревар кој може да донесе историски успех. Патот до овде беше тежок, ако победиме ќе запишеме најголем успех во историјата на македонскиот спорт. Пред седум-осум години, бевме некако изолирани, а сега сме тука за влез на СП во Катар, нема да застанеме тука, ова ќе биде голем поттик, и прав пат за понатака“, рече Ристовски.