274
По објавите за сомнителниот имот на кумот на Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, реагираше Дарко Ристовски, претседател на ОО СДСМ Куманово.
Во својата објава на социјалните мрежи, Ристовски порача дека Димитриевски ги изманипулирал членовите на ЗНАМ и ги искористил за лични цели. Според него, Димитриевски ги изневерил идеалите што ги промовирал, правејќи политички зделки и барајќи само лична корист.
Ристовски ги повика поранешните социјалдемократи кои преминаа во ЗНАМ да се вратат во СДСМ, нагласувајќи дека партијата останува дом за вистинските социјалдемократски вредности.