„Ритам во кадар” – изложба на фотографии од музички настани

од desk2
91 прегледи

Изложба на фотографии од музички настани, насловена „Ритам во кадар” на фотографот Дражен Брачиќ, вечер од 20 часот ќе биде отворена во Центарот за култура „Кочо Рацин” во Кичево.

Изложбата е резултат на долгогодишно фотографирање на музички настани, најчесто во клубови, импровизирани сцени и простори во кои е доловена атмосферата што ја создаваат бендовите, енергијата и емоциите на сцената и влијанието врз публиката.

– Различни светлини перципираат звук и слика. Да се претставуваат преку фотографија музиката и нејзиниот ритам е по правило невозможен процес. Да се долови атмосферата на концертот, забава, свирка, да се слушне музиката и почувствува ритамот – овој предизвик Дражен Брачиќ се обидува да го реализира преку својата изложба, изјави Маја Силјаноска од Центарот за култура во Кичево.