Ривер Плата шампион на Аргентина по 7 години пауза

од Vladimir Zorba

Ривер Плата по седум години пост повторно е шампион на Аргентина.

Ги редеа сите трофеи, а им требаше само оној во домашното првенство. Конечно стигнаа до него.

Избраниците на Марселo Гаљардо славеа против Расинг со 4:0 и со тоа ја обезбедија шампионската титула.

И пред ова коло им требаше само бод за да стигнат до титулата, па тоа е повеќе од очекувано на четири кола до крајот.

Стрелци беа Палавесино во 32., двапати Ромеро во 68. и 78. и Јулијан Алварез во 48. минута. Тој е и најдобар стрелец во лигата со 17 голови.

Сето тоа пред 70.000 фанови на познатиот „Монументал.

Интересно, оваа победа дојде на првата годишнина од смртта на најголемиот играч на најлутиот ривал, Диего Армандо Марадона. Тоа не ги спречи навивачите на двете страни да му оддадат почит на легендата на аргентинскиот фудбал.

Слични содржини