Ризаов: Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ не ја подобрува позицијата на Македонија во преговорите

од Nikola Popovski

„Не сум против консензус или против Резолуцијата, но мислам дека таа не ја подобрува позицијата на Македонија во преговорите“, вели новинарот Ерол Ризаов за емисијата „Само интервју“.

Според него, со Резолуцијата се зацврстува само позицијата пред избори на партиите.

„Дури и позицијата на Бугарија со Декларацијата не се подобри. Таму имаше сериозни критики на Договорот за добрососедство и како производ на критиките, излезе таа декларацијата. Резолуцијата кај нас може да влијае на дијалогот“, смета Ризаов и додава дека МАНУ не може и не смее да праќа резолуции на политички партии.

Слични содржини