Рижото со млад спанаќ

од Stefanija Kuzmanovska
311 прегледи

Состојки:

(за 4 лица)

– 1 – 1,5 литри бистра супа од зеленчук

– 250 гр свеж млад спанаќ

– 2 главици кромид

– 1 чешне лук

– 4 лажици масло

– 400 гр ориз

– 100 мл бело вино

– 2 лажици путер

– 200 гр пармезан

– сол, бибер

Подготовка:

Двете главици кромид ситно сецкани се пржат на масло. Додадете ориз, па постојано мешајте за да не загори.

Додадете бело вино и оставете го оризот да впие сè.

Намалете ја температурата. Додадете супа колку што е потребно за да го покрие целиот ориз, не премногу.

Оставете да се готви околу 25 минути, по потреба додавајќи ја супата повремено.

Измиениот млад спанаќ, путерот и половина рендан пармезан додајте ги на крајот, како и бибер и сол.

Сè добро измешајте.

Остатокот од пмезанот посипете го по рижото и посипете со малку маслиново масло.

Слични содржини