Состојки:
– 250 гр ориз
– 200 гр бело пилешко месо
– 2 тиквички
– маслиново масло
– 20 гр путер
– 2 млади кромидчиња
– 3 чешниња лук
– коцка пилешка супа
– 50 мл бело вино
– 40 гр пармезан
– сол, бибер,
– магдонос
Подготовка:
– Тиквичките исчистете ги и исечкајте ги на коцки. Младиот кромид исечкајте го на прстени, а не фрлајте го ниту зелениот дел.
– Во загреана тава на маслиново масло пропржете го младиот кромид, додадете го белото пилешко исечкано на коцки и динстајте 10 минути.
– Додадете ги тиквичките, издробениот лук и динстајте уште пет минути.
– Додадете ориз, пропржете, па додајте ја пилешката коцка супа, сол, бибер и околу литар вода.
– Гответе во покриена тава 15 минути, додадете бело вино, магдонос и динстајте уште неколку минути.
– Кога оризот ќе омекне, додадете го путерот да се стопи и изренданиот пармезан.