РКЕ: Поскапуваат горивата

од Nikola Popovski
332 прегледи

РКЕ донесе одлука со која ќе поскапат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,5 %.

„Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 денар/литар“, информираат од РКЕ и додаваат дека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,772 ден/кг и сега ќе изнесува 36,009 ден/кг.

Од 22.6.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 69,50 (денари/литар).

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 71,50 (денари/литар).

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 62,00 (денари/литар).

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,00 (денари/литар).

Мазут М-1 НС 36,009 (денари/килограм).

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 1,681%, дизелот за 1,934%, екстра лесното масло за 1,962% и кај мазутот зголемувањето е за 2,07%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,724 %.

Слични содржини