РКЕ: Складот на „Макпетрол“ во Кочани не е зафатен од огнената стихија

од Nikola Popovski

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) соопшти дека испораката во моментот испораката на електрична енергија во регионот на Кочани во најголем дел е стабилна, а во одредени делови од општина Ранковце и општина Кратово напојувањето етапно ќе се нормализира.

Исто така од РКЕ додаваат дека складот на „Макпетрол“ не е зафатен од огнената стихија и нема нарушување на пазарот со нафтените деривати.

„ Од добиените информации во однос на напојувањето со електричната енергија во Кочани можам да соопштам дека во најголем дел испораката е стабилизирана, додека се врши етапно приклучување во делови од општините Ранковце и Кратово, екипите на Електродистрибуција се на терен. Во однос на складовите со нафтените деривати каде се и дел од државните резерви не се зафатени од пожарот“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Слични содржини