Популарниот холивудски актер Роберт де Ниро е познато дека се восхитува од Србија и не ги пропушта натпреварите на најдобриот светски тенисер Новак Џоковиќ. Сепак, малкумина знаат дека неговиот однос со Србија потекнува од неговата младост, велат медиумите во регионот.
Еден од најголемите актери во Холивуд, 76-годишниот Роберт де Ниро, е горд татко на шест деца и ја посвоил својата најстара ќерка додека среќно бил женет со неговата поранешна сопруга Дајана Абот.
Сакајќи да ги види Европа и Блискиот исток, Де Ниро пристигнува во поранешна Југославија во 1967 година со автостоп. На излезот од Ниш, тој бил запрен од Радован Јокиќ, селанец од селото Кокот. Некој му рекол на Радован дека странецот бара место за да ја помине ноќта. Јокиќ го поканува во неговата куќа и го поздравува како негов најмил гостин. Следниот ден домаќините го испратиле Де Ниро со леб и сирење.
Точно една година подоцна, летото 1968 година, патничкиот автомобил „Фолксваген“ со германски регистарски таблички пристигнува во Чокот. Истиот млад човек излегува од автомобилот. Де Ниро потоа останува таму три дена собира домати со своите домаќини, носејќи зеленчук на пазарот и продавајќи го со нив.
Од Чокот заминува за Грција, но се враќа затоа што на бензинска пумпа помеѓу Лесковац и Ниш му го крадат паричникот. Јокиќ му дава пари на актерот за патувањето, а Де Ниро за возврат му нуди камера, која Радован ја одбива.
После многу години, семејството Јокиќ го гледа истото „момче“ на филмското платно и потоа сфаќа кој е нивниот гостин.
Откако го прочитал романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“, Де Ниро ѝ го дава на својата ќерка името Дрена. Според извештаите на медиумите, Де Ниро често ангажирал дадилки од Србија, а со текот на годините се покажало дека неговото семејство е српско.