Роберт Малер побарал од компанијата на Трамп документи поврзани со Русија

од Vladimir Zorba
89 прегледи

   Американскиот специјален обвинител Роберт Малер побарал од компанијата „Организација Трамп“ документи од кои некои се поврзани со Русија, пишува весникот „Њујорк Тајмс“.

Не се познати други детали околу барањето, но тоа e првпат Малер да бара материjали, кои се директно поврзани со трговската дејност на компаниите на американскиот претседател Доналд Трамп.

Обвинителот истражува наводни руски обиди за вршење влијание врз претседателските избори во САД во 2016 година и дали имало тајни договори меѓу Русија и соработници на Трамп.