
Роби Вилијамс се собра повторно на сцена со “Take That”, за да го прослави наградата “Икона”, која ја доби на наградите “Брит”, пренесува “Дејли Меил”. На сцената освен Роби, се појавија и останатите членови на групата “Take That” Гери Барлоу, Хауард Доналд и Марк Овен, кои заедно ја изненадија публиката со заедничко исполнување. Наградата “Икона” е највисоко признание на наградите “Брит”, што претходно е дадена само на Елтон Џон и Дејвид Боуви. Наградата се доделува на изведувачи, чии текстови, записи и настапи се издвојуваат и и оставаат трајни ефекти врз британската култура.