Роби Вилијамс: Мојот живот е хумус и целер

од Vladimir Zorba
186 прегледи

“Во 90-тите секојдневниот живот ми беше стриптиз и кокаин, а сега е хумус и целер, и мојот живот стана многу подобар”. Ова е она што Роби Вилијамс го изјави во интервјуто за весникот “Дејли Стар”. Пејачот призна дека татковството го сменило и дека тоа да биде татко на три деца му се допаѓало многу повеќе од сцената.

“Претходно живеев како типична рок-ѕвезда – одев во кревет во 3-4 часот и се будев попладне”, објасни тој.

По повод неговата љубов со актерката Ида Филд, музичарот коментира дека таа е жената  на неговиот живот, но призна дека е 49% хомосексуалец. “Понекогаш стигам до 50. Ова значи дека морам да се забавувам на одреден начин, но јас не го правам тоа”, рече ѕвездата.

Вилијамс, кој има три деца, исто така рече дека престанал да пуши, што исто така се смета за позитивна промена. За таа цел тој сликал со пастели и не размислувал за никотинот.

Во моментов, Роби се посветил на семејството и на една од неговите најголеми страсти – создавањето на музика. Тој неодамна сподели со фановите дека подготвува нов албум.

“Роби е спонтан. Она што треба да направите кога тој се шета низ студиото, е да му дадете микрофон. Ако му се допадне некоја мелодија, веднаш почнува да пее. Запишуваме сè, затоа што понекогаш првичните идеи навистина се многу добри и подоцна се враќаме кон нив “, коментира продуцентот Гај Чемберс.