Роби Вилијамс: Нема секс во бракот – порано не ги тргавме рацете еден од друг, а сега…

од Stefanija Kuzmanovska
266 прегледи

Британскиот пејач Роби Вилијамс и неговата сопруга Ајда Филд признаа дека речиси воопшто немаат секс. Поранешниот пејач на Take That го обвинува своето намалено либидо на инјекциите на тестостерон кои ја влошиле неговата депресија.

Во заедничко интервју, пренесено од „Дејли Мејл“, парот инсистирал дека се со ист став кога станува збор за интимноста и дека се задоволни од недостатокот на активност во спалната соба.

„Сите знаат дека нема секс после бракот. Така е. Морав да земам инјекции со тестостерон некое време бидејќи сум зависник, но тоа мораше да престане. Ми се развија мускулите на рамото и почнав да изгледам како вратар .Не беше добар изглед. Но сексот додека бев на тестостерон беше неверојатен. И така беше цело време. Бевме ненаситни. Тоа покажува колку сме заљубени еден во друг, бидејќи кога јас бев на тестостерон, не можевме да ги тргнеме рацете еден од друг“, призна Роби во интервју за The Sun.

„Ми недостига тоа. Беше забавен период. Сега, понекогаш кога седиме заедно на каучот, Ајда може да се сврти кон мене и да каже – треба да имаме секс. А јас седам таму, јадам мандарина и само слегнувам со рамената. Па, знаете, понекогаш се обидуваме“, додаде музичарот.

43-годишната актерка, која се омажи за пејачот во 2010 година, рече: „Мислам дека луѓето го мешаат сексот со интимноста. Секогаш се гушкаме, се бакнуваме, се држиме за раце и се допираме додека гледаме телевизија на софата, или филм, или што и да е. Интимноста е важен, значаен аспект на љубовта. Ние сме среќни“.

Слични содржини