Ја обвинија светската британска ѕвезда, дека се исмејуваа со рускиот претседател.

Роби Вилијамс очигледно нема да се смири и повторно ги провоцира фанови. Пред неколку дена лошото момче на британскиот поп, го пушти новото парче Party Like A Russian (“забавување како Русин”), кое веднаш предизвика бран повеќенасочни реакции. Едни го обвинија дека се исмејуваа со Путин, други – дека ги исмева руските олигарси, трети го примија видеото со хумор и не гледаат навредлив подконтекст во шеговитата песна.
Роби Вилијамс призна дека морал да скрати и поправи дел од оригиналниот текст, за да стане политички коректен.
“Потребен е човек со одредена репутација, за да се олесни цела една нација од товарот на нејзините пари. Ќе ги земам жолтите центи и ќе изградам своја вселенска станица, бидејќи можам, пријателе “, гласи дел од текстот.
Роби Вилијамс пее уште: “Банката ми е во кола, колата во авион, авионот во брод, половина западниот свет треба да ме крепи, за да не потонам, и никогаш не се насмевнувам, освен ако не треба нешто да продадам, едноставно не покажувам емоции.

“Токму поради овие зборови се предизвикаа сомневања дека тој го иронизира Путин. Покрај тоа, иако никаде не се споменува рускиот политичар, многу од зборовите во текстот се римуват со Путин. Весникот “Сан” директно напиша дека ѕвездата се исмејува со рускиот претседател. Јавно изведувачот и менаџерите доживеале загриженост дека може да го изгуби рускиот пазар, кој е многу голем, и дадоа чекор назад.
На Твитер тој се обрати кон авторот на статијата со објаснувањето: “Те сакам, Дан, но оваа песна дефинитивно не е за г-дин Путин.” Видеото исто така предизвикува доста коментари. Роби Вилијамс се појавува како богаташ, опкружен со многу балерини кои во дел од кадрите трчкаат околу него во бели фустани. Во други се како прислужнички, но со секси униформи. Самиот Роби демонстрира алчност и во дел од видеото седи сам на долга маса, а девојките му сервираат руска каша и кавијар. Во парчето звучи и дел од “Танц на витези” од балетот “Ромео и Јулија” на Сергеј Прокофјев.
Пее и машки хор. По повод новата песна Роби Вилијамс објаснува: “Дел од британската идентитет е дека веруваме дека сме најдобри во забавите. Сите народи го мислат тоа за себе, но вистината е дека нема забава како руската. “Дали сепак само тоа е причината за создавањето на синглот, си знае само тој. Песната ќе биде вклучена во неговиот претстоен албум The Heavy Entertainment Show, кој ќе се појави на пазарот на 4 ноември. Британската ѕвезда го претстави провокативното видео прво во неговиот профил на Фејсбук на 30 септември. Досега тој има над 9 милиони гледања и се споделува на социјалните мрежи над 83 илјади пати. “Во Русија живеат 147 милиони луѓе и не сакам да ги лутам, немам поим што хумор имаат. Не се потсмевам на никого “, вели пејачот, коментирајќи ги обвинувањата дека песната му е директно подбивање со руските богаташи.