Роботите на Boston Dynamics ќе гледаат во 3D

од desk2
337 прегледи

Роботите на Boston Dynamics добиваат 3D систем за гледање, втемелен на длабоко учење. Новите очи роботите ќе ги добијат благодарение на компанијата Kinema Systems, која Boston Dynamics ја купи за непозната сума. За почеток системот ќе се најде во индустриските Handle роботи кои служат за ракување со роба во магацини и фабрички погон, како што може да видите во видеото.

Благодарение на новата вештачка интелигенција роботoт ќе биде во можност да препознае различни производи со различни величини, без разлика како се ориентирани и да ги постави на подвижна лента или да ги стави на полица.

Иако системот засега се вградува само во индустриски роботи се очекува наскоро да се најде и во воените роботи на Boston Dynamics.