На денешен ден  6 јуни 

images (85)

1599.- Роден е шпанскиот сликар Диеро Родригес де Силва и Веласкес, еден од најголемите во историјата на сликарството, дворски сликар на шпанскиот крал Фелипе Четврти.

1606.- Роден е францускиот писател Пјер Корнеј, творец на класичната француска трагедија. Дела: трагедија „Сид“, „Сина“, „Полиект“, „Родогин“, комедијата „Лажливец“.

1654.- Шведската кралица Кристина Аугуста која во 1644 година и стави крај на војната со Данска, а во 1648 година и на Триесетгодишната војна, по што Шведска стана голема сила, а Балтичкото Море практично „шведско море“, мораше да абдицира поради натурањето на непопуларната римокатоличка ориентација.

1683.- Во англискиот град Оксфорд отворен е „Еssmolien“ првиот јавен музеј во светот.

1799.- Роден е рускиот писател Александар Сергеевич Пушкин. Беше иноватор во поглед на јазикот, стилот и содржината. Умре на 38-годишна возраст кога беше ранет во двобој со еден француски авантурист. Дела: романите во стихови „Евгениј Оњегин“, „Гроф Нулин“, „Куќичка во Коломна“, драмите „Борис Гудонов“, прозните дела „Капетановата ќерка“, „Камен гостин“, „Моцарт и Салиери“, поемите „Цигани“, „Бронзен коњаник“, „Гаврилијада“, „Руслан и Људмила“, „Кавкаски заробеник“, бајки во стихови „Бајка за царот Салтан“, „Бајка за рибарот и рипчињата“.

1861.- Умре италијанскиот гроф Камило Бенсо Кавур. Беше заслужен за ослободувањето на Италија од Австрија и нејзиното унапредување под Савојската династија. Во сојуз со францускиот цар Наполеон Трети во 1859 година војуваше против Австрија која тогаш како поразена ја изгуби Ломбардија.

1868.- Роден е англискиот поларен истражувач, поморски капетан Роберт Фалкон Скот, шеф на ескпедицијата која во јануари 1912 година стаса на Јужниот пол, четири недели по норвешкиот истражувач Раул Амундсен, кој прв го изведе ваквиот подвиг.

1871.- По поразот на Франција во Француско-пруската војна, Германија ги анектираше Алзас и Лорен (Лотарингија).

1875.- Роден е германскиот писател Томас Ман, претствник на психолошкиот роман, веројатно најзначаен германски прозен автор во 20 век, добитник на Нобеловата награда за литература во 1929 година. Дела: „Буденброкови“, „Волшебен брег“, „Кралско височество“, „Доктор Фаустус“, „Исповеди на лажливката Феликс Крул“, „Јосиф и неговите браќа“, „Смрт во Венеција“, „Тонио Крегер“, „Марио и магионичарот“, „Закон“, „Старо и ново“…

1898.- Во Марибор е роден Ханс Ем, најстариот член на МАНУ. Во 1972 година е избран за дописен член, а во 1976 година за редовен член на МАНУ. Умре во Скопје, на 9 јули 1992 година.

1901.- Роден е индонезискиот државник Ахмед Сукарно, прв претседател на Индонезија, под чие раководството земјата се стекна со независност, еден од лидерите на Движењето на неврзаните.

1903.- Во Тбилиси е роден Арам Илич Хачатуријан, композитор од ерменско потекло. Познати му се балетите „Гајане“ и „Спартак“, како и концертите за клавир, симфонии и друго. Умре во Москва, во 1979 година.

1932.- Во Скопје е родена Мирослава Ралева, македонски книжевен и научно-стручен преведувач, долгогодишен директор на Школата за странски јазици. Пред се преведуваше на македонски јазик дела од француски јазик. Умре во Скопје, на 16 февруари 1986 година.

1944.- Со истоварување на сојузничките сили во Нормандија, во најголемиот поморски десант во историјата, е отворен вториот фронт во Втората светска војна, во кој најголемиот товар во борбите против нацистичка Германија го понесе советска Русија.

1946.Умре германскиот писател Герхарт Хауптман, добитник на Нобеловата нарада за литература во 1912 година. Дела: „Пред зората“, „Даброво крзно“, „Зимска балада“, „Црвениот петел“, „Роза Бернд“, „Глувци“, „Чувар на пругата Тил“.

1948.- Умре францускиот хемичар и индустријалец Луј Лимиер, пионер на светската кинематографија, кој заедно со својот брат Огист ја направија првата филмска камера и во Лион основаа фабрика за изработка на фотографски материјали. Браќата ја измислија и постапката за снимање во природни бои. Во париската кафена „Гран кафе“ на 28 декември 1895 година ја приредија првата филмска претстава во светот („Влегување на возот во станица“, „Работниците излегуваат од фабрика“).

1951.- Во Скопје, на иницијатива на Македонци повратници од странство, културни и општествени работници, во и надвор од Република Македонија, во форма на здружение на граѓани е регистрирана „Матица на иселеници од Македонија“.

1956.- Роден е шведскиот тенисер Бјорн Борг, кој беше петпати победник на турнирот во Вимблдон, најпрестижниот тениски „грен слем“ натпревар.

1961.- Умре швајцарскиот психијатар Карл Густав Јунг. Дела: „Психолошки видови“, „Психологија и религија“, „Симболика на духот“, „Аион“, „Алхемиски студии“.

1967.- Египет еден ден по избувнувањето на Израелско-арапската војна го затвори Суетскиот канал.

1968.- Умре американскиот сенатор Роберт Френсис Кенеди, врз кого претходниот ден пукаше палестинскиот терорист Сирхан Сирхан. Неполни пет години пред тоа, исто така во атентат, беше убиен неговиот постар брат, претседателот на САД Џон Кенеди.

1981.- Во дотогаш најголемата железничка несреќа во светот загинаа најмалку 800 луѓе кога седум вагони на пренатрупаниот патнички воз излетаа од пругата и паднаа во реката Кос во државата Бихар во Индија.

1982.- Израел почна инвазија врз Либан настојувајќи да го искорени изворот на палестинскиот тероризам.

1985.- Израел по тригодишната окупација иако ги повлече главните сили од Либан, го задржа граничниот појас внатре во таа земја за да го заштити северен Израел од арапските напади.

1994.- Во Колумбија силна лавина активирана од земјотрес затрупа најмалку 100 луѓе.

1995.- Во Јужна Африка е укината смртната казна.

2004.- На одбележувањето на 60-годишнината од навлегувањето на сојузниците во Номрандија, на прославата на денот Д со државници на земјите на антинацистичката коалиција првпат од завршувањето на Втората светска војна присуствуваше и еден германски канцелар.

2005.- Умре американската актерка Ен Бенкрофт, која во 1962 година доби „Оскар“ за улогата на слепата и глува учителка Хелен Клер во филмот „Чудотворка“.

2006.- Умре Бил Престон, американски музичар од афроамериканско потекло. Престон соработуваше со Битлси на снимање на албумите “Let It Be” и “Abbey Road”. Автор е на песната “You are so beautiful”, која во интерпретација на Џо Кокер стана светски хит. Настапувал со најголемите имиња од светската рок-сцена: Ролингстонси, Ерик Клептон, Боб Дилан, Квинси Џонс.

2012.-  Јапонскиот принц Томохито, прв братучед на царот Акихитo, почина во Токио на 67-годишна возраст, по неуспешната борба со неколку болести. Царската палата не ја соопшти причината за смртта на Томохито, но познато е дека тој боледуваше од неколку болести меѓу кои и рак на грлото. Од 1991 година беше подложен на неколку операции на грлото, а во 2007 година се лекуваше и од алкохолизам. Томохито беше најстар син на принцот Микаса, помлад брат на претходниот јапонски цар Хирохито, кој беше татко на актуелниот монарх. Јавноста го нарекуваше „брадест принц“, поради неговата бујна брада, невообичаена за припадниците на јапонското царско семејство.

Избор МИА

Слични содржини