Првото новородено бебе во земјава се роди по само една секунда по полноќ. На свет на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство дојде Јаков со тежина 3 килограми и 190 грама, должина од 50 цм. Ова денеска го соопштија здравствените власти.
Мајката на бебето била хоспитилизрана на ГАК во 39-та гестациска седмица поради покачен крвен притисок.
-Мајката и бебето се во одлична состојба, информираат од Клиниката.
Како што појасни министерот за здравство, Арбен Таравари, во првата минута од новата година е родено уште бебе и тоа девојче во Клиниката во Чаир.
-Да се множат вакви вести и што повеќе да имаме новородени деца во секоја минута, посочи министерот.
Како што појасни директорката на ГАК, во 2025 година веќе се родени пет бебиња. Во текот на вчерашниот ден, во 2024 имало осум породувања.