Родени сте во јануари: Еве што ве прави посебни

од Elena Daskalova

Јануари е месец кој означува почеток на година, на нова ера, општо на новости, месец кој симболизира славење и празници, но и често е студен и со променливо време.

Исто така, децата кои се раѓаат во јануари, припаѓаат на хороскопските знаци Јарец и Водолија, но имаат и повеќе заеднички карактеристики.

Ова се некои од нив:

Самостојност

Самиот месец на раѓање кај нив дефинира дека сакаат да преземаат иницијатива, да бидат лидери, а имаат и вродено чувство за самодоверба и самостојност. Но, тешко им е да им веруваат на другите, па затоа пречесто преземаат голем дел од задачите врз себе.

Креативност

Тие имаат изразена смисла за хумор, а понекогаш и се доста саркастични. Но, на сметка на тоа имаат креативен пристап во решавањето на проблемите и не им е срам ако нешто не знаат, туку се трудат тоа да го научат.

Добро расположение

Поради тоа што се родени во празничен период, често се помалку нервозни од другите, пооптимистични и порасположени. Но, склони се кон дијабетес тип 2, поради недостатокот на сончева светлина во периодот кога се бебиња.

Љубов

И Јарците и Водолиите, според астрологијата, важат за знаци кои сакаат љубови и умеат да ја даваат во големи количини. Лесно управуваат со своите емоции и не им е тешко да зборуваат за нив.

Момчињата се левораки

Статистички, момчињата родени во ноември, декември и јануари имаат поголема шанса да се левораки. Од друга страна, ова не важи за девојчињата родени овој период, тие имаат еднакви шанси за леворакост како и другите девојчиња родени во остатокот од годината.

Слични содржини